ОЛАФ ШОЛЦ ЖЕСТОКО ГО НАПАДНА ВЛАДИМИР ПУТИН – Вака досега никој го нема навредено претседателот на Русија, а ова е прилината за тоа

Германскиот канцелар Олаф Шолц денес побара ослободување на сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, истовремено критикувајќи ги коментарите на рускиот претседател Владимир Путин за цивилните жртви во палестинско-израелскиот конфликт, оценувајќи ги како „цинични“.

Во говорот во германскиот парламент, Олаф Шолц ја нагласи силната поддршка на Германија за Израел и го повтори предупредувањето дека „би било сериозна грешка“ доколку во војната се приклучат либанската милитантна група Хезболах, Иран или некој друг.

Олаф Шолц го критикуваше Владимир Путин за неговото предупредување за цивилни жртви во конфликтот меѓу Израел и Хамас, велејќи дека е многу цинично кога рускиот претседател предупредува за цивилни жртви во воени конфликти.

Германскиот канцелар оцени дека тешко дека може да има нешто поцинично од коментарите на Владимир Путин.

Германските власти тврдат дека двоцифрен број германско-израелски граѓани се држат во Појасот Газа.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека војската досега ги информирала семејствата на 203 заложници дека нивните најблиски се држени од Хамас во Појасот Газа.

Даниел Хагари вели дека бројката не е конечна, бидејќи ИДФ постојано истражува нови информации за Израелците кои се пријавени за исчезнати по нападот на Хамас на 7. октомври во јужен Израел.

Владимир ПутинвојнаГерманијаИзраелОлаф ШолцПалестинаРусијаХамас