Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за ARD изјави дека Берлин не сака Киев да користи оружје со долг дострел што го снабдува Западот за да ја нападне Русија.
„За нас постои принцип што го споделувам со американскиот претседател – не сакаме оружјето што го доставуваме да се користи за таргетирање на руски територии“, вели Олаф Шолц.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус претходно ја објави многу резервираната позиција на Берлин во однос на барањето на Киев да ги снабдува вооружените сили на Украина со крстосувачки ракети Taurus.