Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја поздрави одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека тоа покажува дека никој не е над законот.
Претходниот ден МКС побара апсење на Владимир Путин под сомнение дека сторил кривично дело нелегална депортација на деца и нелегално пренесување на луѓе од Украина во Русија за време на војната во Украина, пишуваат странските медиуми.
„Меѓународниот кривичен суд е вистинската институција за истрага на воените злосторства. Факт е дека никој не е над законот и тоа е она што сега станува јасно“, посочи Шолц на заедничката прес-конференција во Токио со јапонскиот премиер Фумио Кишида.