Српската тенисерка Олга Даниловиќ е во посебен однос со Новак Ѓоковиќ, кој често и дава совети.
Олга во петокот ја совлада Дона Векиќ по пресврт со 2-1 во сетови и така помина во осминафиналето на Ролан Гарос.
“Сум зборувалa за Новак многу пати, не е проблем да се зборува за него. Не го цениме доволно тоа што го имаме во Србија. Тој е одличен играч, ќе зборувам од моја гледна точка. Тој е одличен како човек, за мене најдобар играч на сите времиња Тој гордо ја претставува својата земја, често зборува со нас, ми дава совети, за да не ги правам истите грешки како него, чувствував олеснување кога игравме заедно. Го добивме натпреварот, се надевам дека уште повеќе ќе го цениме тоа што го имаме “, изјави Даниловиќ.
Подпрашањето беше – како точно ѝ помага Новак.
„Тоа е нешто што разговараме еден со друг. Тоа не е магија, ние постојано разговараме еден со друг. Борејќи се до крај, менталитетот што го има, секој сака да го има, тоа е нешто надвор од оваа планета, многу едноставни, едноставни работи “, додаде Олга.
Даниловиќ во недела во четвртото коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Вондрушов и Пака.