Омилено сезонско задоволство на многумина: Печените костени можете да ги направите дома

Костените се омиленото есенско уживање на многумина, кое најчесто го купуваат од улични продавачи. Но, тоа не мора да биде единствениот момент кога можете да уживате во нивниот уникатен вкус, бидејќи костените можете да ги направите и дома.Костенот е здрав деликатес на кој не му се потребни дополнителни шеќери. На 100 грама, тие содржат околу 45 грама јаглени хидрати и осум грама влакна. Подготовката на печени костени дома е всушност многу едноставна и нема да ви требаат посебни алатки или состојки.

Што се однесува до состојките, потребни ви се само костени, вода и сол. Од таканаречените кујнски алати ќе ви требаат тенџере, тавче, хартија за печење, остар нож и кујнска крпа.

За да добиете совршено печени костени, прво треба да направите две работи. Првата работа е со остар нож да исечете две линии во средината на секој костен во форма на крст. На овој начин полесно ќе ги лупите при конзумирање.

Во тавче со зовриена вода и малку сол ставете ги да се варат околу пет минути. Ако на површината на водата се појави сиров костен, тоа е знак дека има црви и треба да се фрли. Откако ќе се свари, добро исушете го и распоредете го на тавче, кое сте го обложиле со хартија за печење. Пожелно е исечената страна на костенот да е свртена нагоре.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Готови се кога кожата ќе почне да се одвојува. Извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете ги да одморат 15 минути. После тоа, тие се подготвени за потрошувачка.