Координаторот за вонредни состојби на ОН, Мартин Грифитс, кој моментално е на пат за Дамаск, на Твитер призна дека ОН досега ги изневерувале луѓето во делот на Сирија кој е под контрола на бунтовниците.
„Досега тие само ги изневеруваа луѓето од северозападна Сирија и со право се чувствуваат напуштени. Тие побараа меѓународна помош која не дојде“, напиша тој.
Тој додаде дека должност на ОН е да ја исправат грешката што е можно побрзо со помошта што не пристигнала таму.