Во Флорида и Тексас, на пет лица им била дијагностицирана маларија, потенцијално смртоносна болест која е регистрирана во САД за прв пат по 20 години.
Сите пет случаи на инфекција се откриени во последните два месеци, четири во Флорида и еден во Тексас. Сите се од локален карактер, т.е. не биле увезени, потврди Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Сите заразени се со поблага форма и нивното лекување добро напредува.
ЦДЦ во соопштението рече дека маларијата бара итна медицинска помош и дека секој со сомнителни симптоми треба да се прегледа што е можно поскоро.
Сè уште преовладува мислењето дека постои мал ризик од заразување со маларија во Соединетите Држави и дека најголем број случаи на инфекција се случуваат кога американските граѓани патуваат во странство.
- Дури 95 отсто од случаите на маларија се јавуваат во Африка. Од 1992 година во САД се регистрирани 11 епидемии на оваа болест – се вели во соопштението на ЦДЦ.
Последната епидемија е регистрирана во 2003 година во Палм Бич, Флорида, кога биле регистрирани осум пациенти.
Маларијата е предизвикана од пет типа паразити кои ги носат одредени женски комарци. Симптомите вклучуваат треска, главоболка, мускулна болка и замор. Може да се појават и гадење, дијареа и повраќање.
Маларијата може да предизвика оштетување на органите опасни по живот, вклучувајќи бубрежна инсуфициенција и кома.
Властите во јужните држави на САД, каде што е вообичаено присуството на комарци, им препорачуваат на граѓаните да носат долги ракави и панталони. Здравствените власти ги предупредуваат лекарите да бидат свесни за можноста од инфекција.