Министрите на земјите производители на нафта одлучија да продолжат со намалување на производството на нафта за два милиони барели дневно до крајот на тековната година.
Членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, познати како ОПЕК +, се согласија да се држат до нивните сегашни производствени политики.
Одлуката беше донесена на 47. видео-конференција на Заедничкиот министерски комитет за следење (ЗММК).
Министрите на земјите производители на нафта одлучија да продолжат да го намалуваат производството на нафта за два милиони барели дневно до крајот на 2023 година, јавува Анадолија.
Следниот министерски состанок на групата е закажан за 3 април.
„Стабилизирање“ на глобалниот пазар на нафта
ОПЕК + го намали дневното производство на сурова нафта за приближно 10 милиони барели во април 2020 година поради остриот пад на побарувачката по почетокот на пандемијата.
Како што глобалните економии и побарувачката за нафта почнаа да закрепнуваат од април 2021 година, почна постепеното олеснување на овие намалувања.
Сепак, ОПЕК + почна да го намалува производството од октомври минатата година со цел да го „стабилизира глобалниот пазар на нафта“.