Опен АИ го претстави Aтлас, новиот пребарувач кој директно го загрозува Гугл

Компанијата за развој на вештачка интелигенција Oпен АИ го претстави својот нов веб-пребарувач Aтлас, кој би можел да го промени начинот на пребарување на интернет и сериозно да го загрози доминантниот Гугл.

Презентацијата ја отвори извршниот директор Сем Алтман, кој нагласи дека вештачката интелигенција дава единствена можност за редефинирање на улогата на пребарувачите и промена на сегашниот начин на користење на интернетот, објавува Тех Кранч.

Според него, новиот прелистувач Aтлас е производ кој ќе доведе до укинување на застарените услуги по децении доминација на мрежата.

Предизвикот за Гугл е сериозен, бидејќи моделот на пребарување на Aтлас овозможува интерактивна комуникација со информации, што е тешко да се постигне кај Хром.

Алатката ЧетГПТ, најпознатиот производ на компанијата Опен АИ, моментално ја користат околу 800 милиони луѓе неделно, а се очекува дека дел од нив ќе се префрлат од пребарувачот Гугл Хром на Aтлас.

Губењето на тие корисници нема непосредни трошоци за Гугл, но ја ограничува можноста на компанијата да насочува реклами кон корисниците или да ги насочува кон пребарувања на Гугл.

Aтлас моментално е во рана фаза на развој и не прикажува реклами, но Oпен АИ е отворен за рекламирање во иднина.

Новиот прелистувач може директно да собира контекст од прозорецот на корисникот, што претставува многу вредни податоци за таргетирано рекламирање.