ОПЕРАЦИЈА – ‘ПЕРЕЊЕ МОЗОК’! Алексеј Навални сто дена по ред слушал ист говор на Владимир Путин, а кога побарал да биде сменет добил очекуван одговор

Рускиот опозициски политичар и активист Алексеј Навални потврди дека секоја вечер рускиот затворски персонал сто дена по ред му го пуштал истиот говор на Владимир Путин, пишува Sky News.

Затворскиот персонал го окарактеризира како „активност за градење морал“, се вели во објавата на социјалната мрежа Фејсбук на рускиот политичар. Таа снимка, вели тој, е обраќање на претседателот во парламентот во 2023 година. Неговото барање за промена на говорот било експресно одбиено.

Имено, овој 47-годишник издржува казна од 11 години и пет месеци во казнената колонија „ИК-6“ во Мелехов, на околу 235 километри источно од Москва, поради измама и други пријави.

Поддржувачите на Алексеј Навални ја обвинуваат Москва дека се обидува да го скрши за да ја замолчи неговата критика кон рускиот претседател, што Кремљ тоа го негира. Тие ги обвинија и затворските власти дека не му пружиле соодветна медицинска нега и изразија загриженост за неговото здравје.

Од неговото затворање, овој руски политичар поднел бројни жалби против казнената колонија, а сите досега биле отфрлени.

Алексеј НавалниВладимир ПутинзатворРусија