Користењето пробиотици е само еден начин на кој можете да му помогнете на вашето црево да се опорави од антибиотици.
Антибиотиците се многу корисни, но можат да влијаат и негативно на цревната микрофлора. Нутриционистката Ивана Мишиќ откри какви проблеми се јавуваат поради нивната употреба, но и како да ги обновите цревата:
– Земањето антибиотици може значително да влијае на цревната микрофлора, бидејќи тие ги убиваат не само штетните бактерии, туку и корисните, а тоа може да доведе до голем број проблеми, вклучувајќи дигестивни нарушувања, зголемена подложност на инфекции и намалување на функцијата на имунитетот – вели нутриционист и открива како можете да му помогнете на вашето црево да се опорави од антибиотици:
Пробиотици:
Вклучете храна богата со пробиотици како јогурт, кефир, кисела зелка и комбуха. Пробиотиците помагаат во обновувањето на корисните бактерии во цревата.
Пребиотици:
Консумирајте пребиотска храна како што се цикорија, банана , лук и кромид. Пребиотиците се влакна кои ги хранат добрите бактерии во цревата.
Разновидна исхрана:
Јадете разновидно овошје, зеленчук и цели зрна за да обезбедите различни видови влакна и хранливи материи кои ја поддржуваат здравата микрофлора.
Хидратација:
Пиењето доволно вода е клучно за одржување на здравјето на цревата и помага да се исфрлат токсините .
Избегнувајте шеќер и преработена храна:
Овие намирници можат да поттикнат раст на штетни бактерии и габи во цревата, што не е пожелно доколку сакате да ја вратите регулацијата на цревниот систем.