Тепачката меѓу патниците на летот од Перт за Манила ги шокираше сите патници, а потоа и јавноста кога приказната и видеото од конфликтот завршија во медиумите.
Инцидентот се случил во петокот на летот на Скот Ерлајнс и сето тоа завршило со приведување на маж од Австралија во полиција.
Во видеото што е објавено, еден патник ги малтретира другите и ги игнорира предупредувањата на екипажот. Тогаш насилникот го забележал човекот кој го снимал и го нападнал, што прераснало во хаос кој наводно траел со часови.
Во одреден момент патниците успеале да го совладаат и да го врзат! Авионот слетал, а патниците и стјуардесите ја чекале полицијата која го уапсила.