– Општина Бетово набави нов тракторски „мулчер” за чистење на вегетацијата околу локалните и пристапни патишта во селските средини. Машината која има мултифункционална намена како што информираа од Општината ќе се користи за уредување на јавните зелени површини во централното градско подрачје и уредување на јавните простори во приградските населби.
-Машината е со намена за истиснување на сите остатоци (трева, слама, гранки и сл.) на полјоделски површини, во овоштарството, винарството, во парковите и на други места. Со набавката на оваа нова машина, ќе се олесни исто така пристапноста на жителите до нивните имоти, истакнаа од Општината.
Со набавката на мултифункционалната намена очекуваат да се придонесе и во процесот на мулчирање, што според нив ќе биде од огромна корист на овоштарите.
-Во принцип, мулчирањето претставува покривање на почвената површина со различни материјали, во насока на подобрување на животната средина на градинарските култури, од кои подоцна ќе се добие поголем принос. Практиката на мулчирање има долгогодишна традиција, особено во овоштарството, издробената маса претставува органско ѓубриво, кое со помош на мулчерот, ја намалува потребата за фрлање на друго ѓубриво, додадоа од Општина Берово.
За набавка на мултифункционалниот мулчер, од Буџетот на Општина Берово, ќе бидат исплатени вкупно 782,5 илјади денари, а истата ќе биде преотстапена за потребите на конуналното претпријатие ,,Услуга” од Берово.