Општина во Далмација за првороденче дава 8.000 евра, островската општина за петто дете дава 26.000 евра

Општината Сали во Далмација, односно на Дуги Оток (остров) и оваа година преднички според помошта за прво и второ дете на ниво на Хрватска, со исплати од по 7.963 евра, за трето дете најмногу даваат општините Имотски и Новска – 10.000 евра, додека за четврто и петто дете шампион е општината Вир на истоимениот остров кај Задар – таму за четврто дете се исплаќаат 13.000 евра, а за петто дете дури 26.000 евра, пишуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на податоците на Министерството за демографија и имиграција.

Податоците се добиени од анкета во која биле опфатени 575 општини, градови и жупании. Одговор дали 570 субјекти. Од сите нив, само 18 не даваат поддршка при раѓање на дете – 6 општини и 12 жупании.

Височината на износот на оваа стимулативна мерка, притоа, не зависи од економската развиеност и богатството на општината. Така, според надоместоците, некои сиромашни општини од Далматинска загора и Славонија им парираат на општините со високоразвиен туризам.