По барање на жителите на девет локации, во Градско, Виничани, Водоврати и Долно Градско се поставени забавувачи на брзини,информира градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков.
-Безбедноста на нашите граѓани е на прво место посебно на најмладите затоа поставуваме забавувачи на брзина на најфрекфентните улици, пред училиштата и други места.Со овие активности ќе продолжиме и во наредниот период,а во кординација и на сугестии и барање на жителите од сите населените места на Општина Градско,посочува градоначалникот Нацков.