На иницијатива на претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов, вечерва во 19 часот е закажана вонредна шеста по ред седница на Советот, со цел одобрување на финансиска помош од буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година, за погоденото население од земјотресот во Република Турција и Сирија.
– Во овие тешки моменти за двете држави, секој што може, треба да ја покаже својата солидарност и хуманост на дело, апелираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите во земјотресот, посакувајќи брзо заздравување на повредените.