Општина Чаир најостро го осудува неодамнешниот инцидент меѓу градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, и неколку лица на територијата на оваа општина.
Тие велат дека ваквите акти се неприфатливи и претставуваат сериозно кршење на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество.
„Ценејќи ја важноста од точно информирање на јавноста, нагласуваме дека предметниот настан нема никаква врска со нашата институција. Ниту еден вработен или службено лице од Општина Чаир не бил вклучен или присутен на местото на инцидентот.“
Општина Чаир останува посветена на одржување на јавниот ред и мир, почитување на институциите и унапредување на соживотот меѓу заедниците што живеат на оваа територија.
„Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат сите потребни чекори, согласно законските процедури, за целосно расветлување на случајот и гарантирање на јавниот мир“, се наведува во одговорот од Општина Чаир.