Во воведниот дел од говорот Орбан рече дека дошол во Европскиот парламент да алармира.
„Европската Унија мора да се промени. Порано не беше лесно, но денес нашата работа е многу потешка. Ситуацијата во Унијата денес е посериозна отколку во 2011 година. Во Украина има војна, а имаме и конфликти во Африка и Миграциската криза доби димензии невидени од 2015 година, а нам ни се заканува и колапс на Шенген зоната Во меѓувреме, Европа ја губи својата глобална конкурентност“, рече Орбан.
Тој рече и дека ЕУ мора да претрпи промени.
„Нашата унија мора да се промени. Унгарското претседателство сака да биде гласот на промените, негов катализатор. Економскиот раст на ЕУ е постојано побавен во споредба со САД и Кина. Нашиот удел во светската трговија се намалува. Зелената транзиција не нуди решение на симптомите на енергетската криза“, рече унгарскиот премиер.