Орбан: ЕУ се обидува да ја убеди Унгарија за прашањето за Украина

– Европската Унија (ЕУ) се обидува да го надмине спротивставениот став на Унгарија, со цел да се одобри нова финансиска поддршка за Украина и да ги започне преговорите за членство.

Лидерите на ЕУ денес ќе се сретнат во Брисел на последниот самит годинава.

Сепак, прво, продолжуваат напорите да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан за прашањето во врска со Украина.

Според информациите добиени од извори од ЕУ, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, имаа петстрана средба со Орбан пред самитот.

Во својот извештај за проширувањето објавен на 8 ноември, Комисијата на ЕУ препорача почеток на пристапни преговори со Украина.

Подоцна унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека ќе стави вето на оваа одлука којашто треба едногласно да биде донесена во Советот на ЕУ.

Орбан, кој како оправдување за својата одлука ја наведе сериозната корупција во Украина и немањето резултати од западната поддршка во војната, исто така, се противи и на обезбедувањето 50 милијарди евра помош за Украина.