Унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски имаа краток разговор на маргините на самитот на Европската унија во Брисел.
На видеото од салата се гледа како Зеленски седи, додека до него стои претседателот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел. Во тој момент им приоѓа Орбан и му ја подава раката на Зеленски. Украинскиот лидер станува и се ракува со унгарскиот премиер.
Не можете да слушнете за што точно разговарале двајцата лидери, но од нивните гестови изгледа како емотивно да биле вклучени во разговорот. За време на разговорот Зеленски ја стави раката на рамото на Орбан, додека Орбан мавташе со рацете речиси во текот на целиот разговор.
Украина денеска потпиша договори за безбедност со Европската унија, како и со Литванија и Естонија. Инаку, Унгарија за неколку дена, од 1 јули, ќе го започне шестмесечното претседавање со Советот на Европската Унија.
Од почетокот на руската инвазија, Орбан се позиционираше како еден од ретките европски сојузници на рускиот претседател Владимир Путин. Тој постојано се противеше на испраќање оружје во Киев и ја оспоруваше политиката на воведување санкции кон Русија.