Орбан: Мировниот договор ја враќа Русија во светската економија

Русија ќе биде „повторно интегрирана“ во светската економија и европскиот енергетски систем откако ќе се постигне мировен договор и ќе заврши војната во Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на државното радио, пренесува Хина.

„Ако американскиот претседател дојде и направи мир и се постигне договор, мислам дека Русија ќе се реинтегрира во светската економија… европскиот безбедносен систем, па дури и европскиот економски и енергетски систем, тоа ќе даде голем поттик за унгарската економија“, рече Орбан, сојузник на претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Ќе добиеме многу од мировниот договор“, рече Орбан.