Унгарскиот премиер Виктор Орбан му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за разбирањето и за исполнувањето на неговото барање за ослободување на „косовските полицајци“, кои беа уапсени кога ја преминаа административната линија под целосна воена готовност.
Министерот за надворешни работи Петер Сијарто на социјалните мрежи напиша:
Претседателот на Србија Александар Вучиќ штотуку го информираше премиерот Виктор Орбан дека, во согласност со неговото барање на минатонеделната средба, српските власти наскоро ќе ги ослободат од притвор тројца претходно уапсени косовски полицајци. Виктор Орбан високо го цени чекорот што го направи српскиот претседател во период на сериозни предизвици и чија одлука е јасен доказ за длабокото пријателство на српскиот и унгарскиот народ и стратешката соработка на двете земји“, напиша Сијарто.
Ова го потврди и самиот Виктор Орбан на Твитер.