Унгарскиот премиер Виктор Орбан, на отворањето на Конференцијата за политичка акција на Конзервативците (CPAC) во Будимпешта, го пофали премиерот Христијан Мицкоски и неговото лидерство во заштитата на европската граница од нелегални имигранти.
„Нашиот македонски херој, Христијан Мицкоски, победи на изборите иако целиот Брисел го поддржуваше неговиот противник.
Тој е чувар на тврдина што ја штити јужната граница на Европа од имиграција. „Да живее Македонија“, изјави премиерот Орбан на отворањето на големата конференција на европските и американските конзервативци во унгарската престолнина.
Пред говорот на Орбан, беше емитувана ексклузивна видео порака од претседателот Доналд Трамп.