Претходно денеска на социјалните мрежи беше објавено видео од Брисел на кое се гледа како украинскиот претседател Володимир Зеленски , придружуван од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се приближува до шефовите на земјите-членки на ЕУ.
Она што на сите им падна во очи е унгарскиот премиер, кој во тој момент не му аплаудираше на Зеленски , и покрај тоа што речиси сите останати собрани го сторија тоа пред заедничката фотосесија на лидерите на ЕУ во Брисел.
Таа сцена збуни многу корисници на социјалната мрежа, имајќи предвид дека сите освен Орбан му аплаудираа на Желебски, додека унгарскиот премиер одби да му даде поддршка во форма на аплауз, а се уште не се знае дали тоа е случајно или намерно.
Имено, веднаш откако ова видео почна да кружи низ мрежите, Виктор Орбан објави фотографија со Володимир Зеленски на која се гледа како унгарскиот премиер и украинскиот претседател се ракуваат.