– Унгарските власти сè уште дебатираат дали да ја поддржат кандидатурата на холандскиот премиер во заминување Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој истакна дека Руте претходно искажувал „проблематични“ ставови.
– Од една страна Руте рече дека Унгарија треба да ја напушти ЕУ, а од друга страна дека треба да клекнеме. Тоа не е начин да се добие поддршка, изјави Орбан за францускиот магазин Ле Поинт.