Орбан: Членството на Украина во ЕУ нема да се случи

Членството на Украина во ЕУ „нема да се случи“, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој рече дека Европската комисија смета дека клучна одлука што ја одредува судбината на цела Европа може да се донесе без европскиот народ, но дека тоа е погрешно, пренесува МТИ.

Орбан рече дека Брисел е решен да ги игнорира резултатите од анкетата „Гласај за Унгарија 2025“, но дека нема да може да ги заобиколи.

„Без оглед на нивната лукавост, би било невозможно да се прими Украина против волјата на европскиот народ“, додаде тој.

Во врска со санкциите на ЕУ против руските извозници на енергија, тој рече дека Брисел „сака да ја жртвува финансиската состојба на унгарските семејства заради Украина“.

Орбан рече дека лидерите на ЕУ не можат да дадат причина „зошто некој нормален човек би направил нешто такво“.

Според него, санкциите ќе доведат до тоа семејствата да мора да плаќаат 2,5 пати повеќе за електрична енергија и 3,5 пати повеќе за гас, принудувајќи ја владата „целосно да го преиспита системот за поддршка на семејствата“.

Орбан рече дека Парадата на гордоста минатата недела во Будимпешта го изненадила бидејќи сметал дека проблемот е решен.

Унгарскиот премиер рече дека Парадата на гордоста е секојдневна закана во Западна Европа и дека луѓето би биле „згрозени“ кога би виделе учебници од Западна Европа за образование за социјална чувствителност кај децата.

Орбан рече дека смета оти Унгарија „се заштитила од тоа“ на референдумот во 2022 година.