Орел нападнал 20-месечно девојче во Норвешка, и ги заглавил канџите и почнал да го крева во воздух – мајка ја спасила во последните моменти

20-месечно девојче си играло на семејната фарма во Тронделаг во централна Норвешка, кога ја зграпчил орел и и ги забил канџите во главата.

„Орелот се појави од никаде и го киднапираше девојчето“, рекол нејзиниот татко, чиј идентитет не е откриен, пренесува Телеграф.

Од другата страна, нејзината мајка скокнала, успевајќи да го фати орелот со кој се „борела“ за да го ослободи детето.

Сосетката и помогнала и заедно успеале да го спасат малото девојче.

Токму ловецот Пер Каре Винтердал го убил орелот кој според него го видел девојчето како „плен“.

Тој рекол дека мајката и соседот успеале да го фатат девојчето од канџите на орелот, но „предаторот“ продолжил да се движи наоколу.