Останува уште малку до клучниот натпревар на Србија на Европското првенство во Германија. Од 21 часот друштвото на Драган Стојковиќ Пикси ќе игра против Данска во последното коло од групната фаза.
За пласман меѓу најдобрите 16 екипи, на српската селекција и’ е потребна победа, а за поддршката што ја имаат „орлите“ не вреди да се трошат зборови.
Голем број српски навивачи се во Минхен, а вечерашниот меч ќе го следи најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, кој ќе дојде на стадионот.
За потсетување, овогодинешниот Вимблдон е закажан од 1 до 14 јули, а големо прашање е дали на овој турнир ќе го гледаме Новак Ѓоковиќ.
Најдобриот српски тенисер денеска се огласи на социјалните мрежи, објави фотографија од тренинг и проговори за враќањето на теренот.
– Тоа време од годината (емотикон од трева). Убаво е да се вратиш. Давам сè од себе да бидам подготвен за Вимблдон – напиша Новак и даде надеж дека ќе биде во главниот дел од ждрепката.