ОРУЖЈЕ ЗА ВЛАДИМИР ПУТИН, ХРАНА ЗА КИМ ЏОНГ УН !? Целиот свет зборува за оваа наводна средба, а конечно се огласи и Кремљ

Официјална Москва денес одби да ги потврди информациите од Вашингтон за наводната средба помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но ја спомена можноста за организирање заеднички воени вежби.

Потпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, одговарајќи на прашањата за тврдењата од страна на Белата куќа, накратко одговори:

Не, тоа не можеме да го потврдиме, немаме што да кажеме на таа тема

Во понеделникот Белата куќа објави дека тајните разговори меѓу двете земји за испораките на кинеско оружје во Русија активно напредуваат.

Оружје за Владимир Путин, технологија и храна за Ким Џонг Ун ?

Според угледниот весник New York TimesКремљ бара од Северна Кореја артилериски гранати и против-тенковски ракети, додека Ким Џонг Ун бара напредна технологија за сателити и подморници на нуклеарен погон, како и помош во храна.

Официјален Вашингтон смета дека таквите договори за оружје би значеле кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, кој ја санкционираше Северна Кореја.

Американските власти изјавиле за New York Times дека подоцна во септември Ким Џонг Ун најверојатно ќе отпатува за Владивосток со својот блиндиран воз, каде што треба да се сретне со Владимир Путин.

Од 10. до 13. септември Владивосток ќе биде домаќин на Источниот економски форум, на кој минатата година учествуваа претставници на 68 земји.

Ким Џонг Ун и Сергеј Шојгу

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, во понеделникот во посебно соопштение соопшти дека двете земји разговараат за можноста за одржување заеднички воени вежби.

За тоа разговараме со сите, вклучително и со Северна Кореја. Зошто да не ? Тие се наши соседи“, се вели во соопштението од кабинетот на Сергеј Шојгу.

Владимир ПутинКим Џонг УноружјеРусијаСАДСеверна Корејахрана