Гоце Станковски во тимот на Орце Ѓорѓиевски
Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи се пофали со нови засилувања во неговиот тим, меѓу кои и професори од различни области. Но, јавноста особено го забележа името на Гоце Станковски.
Станковски е поранешен раководител во Министерството за транспорт и врски, кој своевремено беше уапсен, обвинет и осуден за примање поткуп. Според судските документи, тој за износ од 9.000 евра ветил сообраќајно решение за дозвола за бензинска пумпа на патот Скопје – Велес.
Тогашен министер беше Миле Јанакиески, а судот му изрече на Станковски казна затвор од две и пол години.
И покрај оваа мината судска пресуда, денес Станковски повторно се враќа на јавната сцена – овојпат како дел од изборниот тим на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
👉 Целото видео од објавата на Ѓорѓиевски можете да го погледнете ОВДЕ.