ОСВОЕН КАН СО 22 ГОДИНИ ПОМЛАДА ЖЕНА: Харисон Форд доби специјална награда, На премиерата на филмот сите погледи беа вперени во НЕА! (ФОТО)

Легендарниот холивудски актер Харисон Форд вчера ја доби почесната Златна палма во пресрет на прикажувањето на петтиот и последен дел од серијата Индијана Џонс во која тој игра археолог.

Патем, ова е последен пат за Форд да го игра Индијана Џонс , еден од неговите најпознати ликови. Првиот филм за Индијана Џонс беше објавен во 1981 година, а ова е негово петто продолжение.

– Многу сум трогнат од ова. Велат пред да умреш, го гледаш животот како ти поминува пред очи, јас тукушто го видов мојот живот пред очи – рече Форд со солзи во очите, по добивањето на почесната Златна палма и се заблагодари на сопругата Калиста Флокарт со која дојде на премиерата, како и екипата од филмот.

Режисерската палка ја презеде Џејмс Манголд, а во улога на продуцент се најде славниот Стивен Спилберг кој досега ги режираше сите филмови за Индијана. Оваа продукција ќе ја започне својата редовна театарска дистрибуција на 29 јуни.

Повторно јавно

По долго време, Форд се прошета на црвениот тепих со сопругата Калиста Флокарт на Канскиот филмски фестивал , каде премиерно беше прикажан филмот „Индијана Џонс и бирачот на судбината“. Тие ретко се појавуваат на црвениот тепих, иако актерската двојка е заедно повеќе од 20 години.

Зрачи со елеганција

Актерката за оваа свечена пригода избра долга и елегантна црна тоалета, и коса пуштена и брановидно навиткана. Младешкиот изглед го истакнала со шминка, а се зачинила со сребрени обетки. Никој од присутните не остана имун на нејзината убавина и шарм. Актерот носеше класичен костум со машна.

Хармоничен брак

Овој познат пар се венчаше во 2010 година, Калиста е трета сопруга на Форд , а се запознаа на доделувањето на Златните глобуси во 2002 година. Актерот штотуку минуваше низ развод од својата втора сопруга, сценаристката Мелиса Матисон, која почина  во 2015 година

Разликата во годините никогаш не им била проблем, но неизбежно е луѓето секогаш да им укажуваат и да ги прашуваат за тоа, на што не обрнуваат многу внимание.

-Постојано заборавам дека е 22 години постар од мене. Тоа воопшто не влијае на нашата врска. Сакам како изгледа наутро кога ќе се разбуди. Не е згоден, посладок. Изгледа како момче – рекла еднаш актерката.

Актерот има вкупно пет деца, две од првиот брак со Мери Маркарт, две од вториот, а најмладиот син Лиам Локхарт (22) го посвои Калиста една година пред да започне врска со Харисон, кој потоа го прифати како свој.