Алекс, популарниот Тиктокер, изгубил неверојатни 60 килограми благодарение на едноставниот појадок кој сите го сакаме. Со минимален труд и само 90 секунди подготовка се трансформираше во вистински Аполо, а сега со своите следбеници ја споделува тајната на успехот.
Многу луѓе се соочуваат со вишок килограми и постојано го бараат најдобриот начин да се справат со овој проблем. Сведоци сме на бројни трансформации во кои волјата и упорноста ги надминаа слабостите и изговорите, а резултатите често беа импресивни, давајќи им мотивација на оние во слична ситуација.
Додека некои ја приспособуваа исхраната , а други се посветуваа на напорните тренинзи, некои решија да направат операција за да го решат проблемот со килограмите. Меѓутоа, преку експериментирање и истражување, многумина пронајдоа решенија кои одговараат на нивните тела и им ги донесоа посакуваните резултати.
Палачинките му помогнале да ослабне
Еден од тие примери е Алекс, познат Тиктокер, кој ја сподели тајната на своето слабеење со своите следбеници, откривајќи дека ослабел дури 61 килограм и станал сосема поинаква личност. За разлика од редовните диети, клучната состојка на Алекс не била зелената салата, грејпфрутот или сирењето, туку мешавината од палачинки.
Овој инфлуенсер, со над половина милион следбеници, редовно споделува совети за слабеење и фитнес. Неговите трансформациски слики пред и по слабеењето предизвикаа ентузијазам, а тој тврди дека токму овој појадок му помогнал да ја постигне целта.
@alexsolominfitness Meals that helped me lose weight. ✅ 400 calories ✅ 52g protein – 1 serving Kodiak pancake mix (or other just-add-water pancake mix) – 1.5 scoops protein – unsweetened almond milk – 5g cocoa powder #weightloss #weightlossfood #weightlossrecipes #weightlosssnack #weightlosstips #easyrecipe #highprotein #highproteinrecipe #simplerecipe #caloriedeficit #caloriedeficitmeals #proteinmeals #proteinrecipe #weightlosssnack #weightlossfood ♬ Blue Blood – Heinz Kiessling
– Земете порција мешавина од палачинки, додадете 1,5 лажици протеински прав, 5 грама какао во прав и по желба засладувач – објаснува Алекс. Смесата ја измешал со бадемово млеко додека да добие текстура на супа, а потоа ја печел во микробранова 90 секунди. Кога оброкот бил готов, го посипал со кокосови снегулки.
Според неговите зборови, овој оброк содржи 400 калории и 52 грама протеини, што воодушеви многу негови следбеници.
– Чувствувам како да се залажувам, но всушност е сосемадоволно – прочитајте дел од коментарите.
Алекс, кој ослабе од неверојатни 165 килограми на 104, тврди дека најмногу му помогнале калорискиот дефицит и добрата исхрана. Во едно од неговите видеа тој истакнува колку е важно пешачењето и дека вечерниот оброк после 19 часот не е проблематичен. Тој исто така нагласува дека јаглехидратите и шеќерот не се непријатели на слабеењето.
Иако се потпираше на протеинска исхрана и интензивни тренинзи, Алекс признава дека за неговата трансформација е заслужен наједноставниот оброк, кој често го подготвува.