Ослабе неверојатни 50 килограми и се врати на сцената со стил – српската пејачка Ана Николиќ ја откри тајната: “Еве што јадев, а ова ми помогна најмногу!“

Познатата српска поп-пејачка Ана Николиќ драстично го промени изгледот со помош на диета што строго ја почитувала, а успеала да ослабне неверојатни 50 килограми – ова е нејзиното мени.

Ана Николиќ која неодамна откри како ги заработила првите пари – а тоа не било од пеење, сега и порача на јавноста како со дисциплинирано однесување и регулирана исхрана успеала да ослабне и до 50 килограми, а ја открила и својата тајна за слабеење, односно која храна ја ги консумира и која ја избегнува или воопшто не ја вклучувала во менито за исхрана.

Мојата тајна како ослабев ? Најважно е внесот на течности. Ја имам мојата утринска рутина. Штом станам пијам две чаши вода. Понекогаш со лимон, понекогаш без. После тоа доаѓа мојот појадок, често е јајце со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарки. За време на ручек јадам бело месо или риба со зеленчук на пареа. Исклучувам јаглени хидрати (бело брашно), се придржувам до внесот на калории од 1000 kcal до 1200 kcal“, објаснила Ана за соседните магазини.

Целосно се откажав од слатките. Ако ми падне шеќерот во крвта, јадам лажица крем и си замислувам дека сум јадела многу. Слабеењето вишок килограми е работа на психата“, истакнала пејачката.

Човек мора цврсто да одлучи дека сака нешто да промени и така ќе успее. Првиот месец е тежок, но се навикнуваш. Ако сум гладна, во доцните часови јадам зеленчук. Моркови, краставици или само зелена салата.Колку помалку солена, толку подобро. Пијам 2 до 3 литри вода дневно. Понекогаш и 4“, вели Ана Николиќ.

Ана Николиќдиетаисхрана