Виктор Живојиновиќ , најмладиот син на Боба Живојиновиќ и Лепа Брена, отсекогаш привлекувал големо внимание од балканските медиуми. Како и повеќето деца на големите ѕвезди, тој пораснал под будното око на камерите.
Неодамна беше во центарот на коментарите кога го покажа својот нов изглед по ослабените 50 килограми, а сега уште еднаш ги воодушеви сите и ја покажа својата нова девојка на Инстаграм. Долго време се шпекулираше за емотивниот статус на Виктор, но сега дефинитивно се знае дека тој е среќно заљубен.
Судејќи според фотографиите, Виктор одлучил да отпатува за Нова година со мистериозна девојка која ја прегрнал пред приватен авион. Двајцата позираа расположени, но Виктор го покри лицето со емотикон од срце, не сакајќи да го открие идентитетот.