Ослободени се четири лица кои беа уапсени по настаните во Бањска на северот на Косово, јавуваат соседните медиуми.
Специјалното обвинителство во Приштина потврди дека лицата кои се уапсени се далеку од местото на инцидентот, кога дошло до конфликтот во Бањска меѓу косовската полиција и Србите, а во вторникот биле ослободени во отсуство на докази од полицијата, јавува Koha.
„Четири лица, кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција, во селото Бањска во општина Звечан, далеку од местото на злосторството, вчера (26.09.2023) се ослободени поради немање докази од Косовската полиција“, потврди обвинителството во Приштина.