Ослободени 248 РУСКИ ВОЈНИЦИ: Им се пружа сета неопходна медицинска и психолошка помош

Како резултат на преговорите со украинската страна, на 3 јануари од заробеништво беа ослободени 248 руски војници, известува Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Војниците беа ослободени од териториите под контрола на режимот во Киев.

Во тоа помогнаа и Обединетите Арапски Емирати, кои овојпат ја одиграа улогата на посредник, додаваат од министерството.

На сите пуштени војници им е укажана сета неопходна медицинска и психолошка помош.