За да го исчистите радијаторот од прашина, потребнo ви е само едно нешто што го имате дома – фен.
На социјалните мрежи често се споделуваат разни трикови и совети за чистење на домаќинството, а еден трик за чистење на прашината зад радијаторот воодушеви многу корисници.
Имено, една жена побарала совет на мрежата како да се ослободи од прашината и нечистотијата што се собира помеѓу радијаторот и ѕидот.
Додека некои и предложија специјална четка за чистење на радијаторот, други и рекоа да не ги троши парите залудно бидејќи има начин да го исчисти со нешто што веројатно веќе го има низ дома.
Неколку корисници ја советуваа да ја издува нечистотијата од радијаторот со фен, а потоа да ја исчисти нечистотијата.
– Користам фен за да ја издувам прашината и потоа да го вакумирам она што излегува – открил еден корисник.
Друг додаде: – Користете фен за коса – ќе ја издува прашината од самото дно на радијаторот, пренесува Mirror.
Радијаторите можете ефикасно да ги исчистите со крпа на која сте исцедиле сок од лимон