Османи домаќин на австрискиот покраински министер на Штаерска, Амон

Османи домаќин на австрискиот покраински министер на Штаерска, Амон

 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон.

Османи и Амон, најавија од Министерството за надворешни работи, ќе потпишат заедничка декларација за соработка меѓу Република Северна Македонија и Покраината Штаерска (Република Австрија) и писмо за намери за пристапување на Северна Македонија во Алпе-Адриа Алијансата.