Не бев изненаден од изјавата на Христијан Мицкоски и неговата „мисија“ да ја отстрани ДУИ од политичката сцена. Мицкоски по природа е албанофоб и ги мрази Албанците, изјави денес кандидатот за градоначалник на ДУИ, Бујар Османи, во врска со пораките на премиерот.
Османи вели дека Мицкоски „нема ниту еден Албанец во својот тим и кога патува во странство, не ги зема со себе Албанците.”
„Тој го укинува балансерот затоа што сака да ги отстрани (Албанците) од институциите. Го укинува албанскиот јазик затоа што го мачи и не сака да го види во документите.“
Ова е посилно од него и го видовме тоа од првиот ден. Не нè загрижува затоа што неговата омраза кон Албанците се проектира и меѓу граѓаните. Нема да дозволам таа омраза да влезе во Чаир затоа што соживотот овде ни е свет.
Ако го укине балансерот, ветив дека ќе создадам Фонд за правична застапеност на заедниците во Чаир. Ако го укине албанскиот јазик, ќе создадеме јазични оддели овде.
Затоа Чаир ќе остане оаза на соживот во оваа бура“, нагласи Османи.