Османи: Моментот е да се обединиме да кажеме „не“ за убиството на Охридскиот договор

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи вели дека поминаа два дена од нападот на Охридскиот договор и меѓуетничката хармонија во земјава.

Османи на својот фејсбук профил пишува дека не го обвинува ВЛЕН за укинувањето на балансерот, бидејќи ова веќе не е меѓупартиска битка.

„Во моите досегашни реакции никогаш не сум спомнал политички партии, бидејќи не се работи за меѓусебни обвинувања меѓу ДУИ и ВЛЕН.
Не сакам ни да го обвинувам ВЛЕН за одлуката на Уставниот суд, иако Влен е одговорен за обидот да ја оправда оваа одлука.
Ова повеќе не е меѓупартиска битка. Но, тоа е еден од оние моменти кога мора да се обединиме и да кажеме НЕ на убиството на Мировниот договор од 20012 година, пишува Османи.

Османи додава дека ако не ги обединиме сите политичари, неполитички актери, интелектуалци и граѓани – да го отфрлиме овој смртоносен удар врз Охридскиот договор и еднаквоста, тогаш кога ќе го направиме тоа?.