Османи му ја честита победата на Меџити

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат Изет Меџити од коалицијата Вреди и му посака успех во водењето на општината во следните четири години.

Османи, во објава на својот профил на Фејсбук, оцени дека изборниот ден поминал успешно и без поголеми забелешки, нагласувајќи дека тоа е важно за довербата во изборниот процес. Тој се заблагодари на сите соработници кои биле дел од кампањата и посочи дека било вистинска чест да се работи со посветеност и жртва во процес во кој, како што наведува, се создала визија за Чаир, но и многу нови пријателства.

Им честитам на мојот противкандидат и на целиот коалиционен тим што стоеше зад него — тие се победниците на изборите во Чаир, и им посакувам успех во управувањето со општината во следните четири години.