Кандидатот на Демократската унија за интеграција за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагираше на, како што вели, клевети од коалицијата ВЛЕН во врска со средбата меѓу поранешниот министер за надворешни работи и поранешниот премиер Никола Груевски.
Османи во својата реакција пишува дека ВЛЕН нема поим, па затоа водат негативна кампања со клевети, но нагласува дека одговорот ќе го добијат на 19 октомври.
Целосна реакција:
Без идеи и соочени со поразот што ги очекува на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во врска со наводната средба со Никола Гуревски со цел да се обезбедат пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени.
Јасно и гласно кажав дека таква средба НЕ СЕ СЛУЧИЛА. Нивното инсистирање постојано да користат лаги и да повторуваат невистини нема да им помогне во кампањата.
Иако тие не нудат ништо друго освен негативна кампања, ние создаваме движење за промени кое расте од ден на ден.
Одговорот на овие клевети ќе дојде на 19 октомври.