Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја поздрави одлуката на Турција за укинување на блокадата против Шведска.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се согласи да го поддржи членството на Шведска во НАТО.
Османи во објава на Твитер порача дека очекува на ред да дојдат Косово, Украина, Босна и Херцеговина.
„Одлична вест!. На ред се Косово, Украина, Босна и Херцеговина во НАТО, за Алијанса и за побезбедна и постабилна Европа“, напиша Османи.