Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходниот ден беше реизбран за претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на четвртиот вонреден конгрес на партијата.
Претседателот на Конгресниот совет, Али Ихсан Јавуз, изјави дека Реџеп Таип Ердоган е реизбран за претседател на АКП со добивањето на сите 1.399 валидни гласови, пренесуваат турските медиуми.
Ова е осми пат како Реџеп Таип Ердоган е избран за претседател на партијата од нејзиното формирање.
Со истото гласање е избран и составот на Извршниот комитет за централни одлуки (МКЈК), кој брои 75 членови.
Реџеп Таип Ердоган го подмлади МКЈК со нови и помлади членови.
Партијата АКП, која има посебен фокус на подмладување, се очекува да се подготви за локалните избори со обновен, искусен и енергичен кадар.