– Ла Лига по осми пат сезонава поднесе пријава за искажани навреди на расна основа кон фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Овој пат пријавата се однесува на навивачите на Барселона.
– На натпреварот на Барселона против Реал Мадрид во 26. коло од Ла Лига, навивачите на каталонскиот тим извикуваа „Винисиус, умри!“ и го нарекоа мадриѓанецот „мајмун“ и „кучкин син“.
Ла Лига поднесе жалба до судот во Барселона за да ги истражи и казни инволвираните навивачи.
Винисиус Жуниор во тековната сезона е цел на расни навреди во многу наврати. Реал Мадрид побара да се стави крај на нецивилизираното однесување на трибините кога игра „кралскиот клуб“.