Како и секоја година до сега и овој осмо септемвриски продолжен викенд голем дел од граѓаните ќе го поминат на море како еден од последните топли викенди за бањање на отворено море.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини.
На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце време на чекање за излез од државата е од 40 мин до 1 час, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.