Сем Алтман, креаторот на вештачката интелигенција (ВИ), предупреди дека технологијата може да се користи за да се влијае врз американските гласачи на претседателските избори во 2024 година.
Една од грижите на ко-основачот на OpenAI, Алтман – кој беше отпуштен, а потоа вратен како извршен директор на компанијата минатиот месец – е дека технологијата може да се користи за скенирање на објавите на социјалните мрежи на гласачите.
Тој вели дека на луѓето потоа може да им се сервира персонализирана дезинформација генерирана од вештачка интелигенција, вклучително и многу емотивни пораки кои би можеле да ги променат нивните преференции за гласање, пренесува Dailymail.
Основачот на ChatGPT верува дека вештачката интелигенција „ќе биде најмоќната технологија што човештвото ја создало досега“.
„Тие прават одлично видео и стана вирално, каде што сите го гледаме истото на Фејсбук или Твитер. Ова ќе продолжи да се случува и да се подобрува. Но, она што најмногу ме загрижува: Што ќе се случи ако вештачката интелигенција прочита сè што некогаш сте напишале на интернет – секој твит, секоја статија, било што? И токму во вистинскиот момент ви испраќа персонализирана порака само за вас која навистина ќе го промени начинот на кој размислувате за светот. Ова е нов тип на интервенција што не беше возможна порано пред појавата на вештачката интелигенција“, рече тој.
Нагласуваме дека Алтман изјавил дека вештачката интелигенција напредува толку многу и толку брзо што многу работи ќе се променат во светот.
Инаку, идната година ќе се одржат американските претседателски избори на кои се очекува актуелниот претседател Џо Бајден повторно да се кандидира во редовите на демократите, додека поранешниот претседател Доналд Трамп е фаворит меѓу републиканците.