Осомничените за убиството на малата Данка Илиќ моментално се во притвор во Заечар.
Иако биле сместени во посебни ќелии за да се спречи меѓусебната комуникација, како што наведува изворот на истрагата, со текот на времето станувале сè позборливи. Наводно, тие дури почнале да се шегуваат и да се смеат со останатите затвореници.
-Едниот од осомничените признал дека го задавил девојчето, а другиот кој го управувал службениот автомобил на „Водовод“ се бранел молчејќи. За да не можат да преговараат и да ја планираат одбраната, по апсењето биле сместени во различни ќелии. Отпрвин молчеа и не разговараа со никого, но како што одминуваше времето стануваа сè позборливи, дури почнаа да се шегуваат и да се смеат со другите затвореници. Се однесуваат како ништо да не се случило – изјавил изворот од истрагата.
Меѓутоа, како што се дознава, осомничениот решил да открие каде неговиот татко го закопал телото на девојчето за да добие полесна казна за монструозниот чин.
Дајте ми поблага казна и ќе кажам каде татко ми го закопал телото на Данка! – им рекол тој на инспекторите.
Да потсетиме дека тој се соочува со доживотната казна, па не е за чудење што на секој начин се обидува да ја ублажи.
Покрај таткото на осомничениот, уапсен е и неговиот брат, кој починал како последица на срцев удар. Тие се осомничени дека го сокриле телото.