Затвореникот Мохамед А., познат како „Мува“, наводно побегнал откако вооружена група нападнала полициски конвој во Франција.
Во нападот загинаа најмалку двајца затворски чувари.
Мохамед (30) бил осуден за тешка кражба, а претходно бил обвинет и за обид за убиство, пренесуваат француските медиуми.
Полициски извори наведуваат дека тој бил шеф на наркомафијата.
Според првите информации, „Мува“ избегал со четворица напаѓачи со „ауди“ кое полицијата го пронашла запалено на неколку километри.
Нападот се случил додека „Мува“ со конвој каде го враќале во затвор од Обвинителството каде бил на распит.