Сонот го зајакнува имунолошкиот систем, но денес повеќе од една третина од возрасните не успеваат да ги добијат препорачаните седум или осум часа сон во текот на ноќта.
Доколку сте изложени на вируси и сте лишени од сон , поголема е веројатноста да се разболите, предупредуваат лекарите. Недостатокот на сон може да биде „активатор“ за бројни хронични здравствени проблеми, како што се дијабетес и срцеви заболувања , но исто така го зголемува ризикот од деменција.
– Сонот е како полнење на батериите на уредите и е неопходен за одбрана од грип. Најважната фаза е длабокиот сон, кој се јавува 35 до 45 минути откако ќе заспиете, бидејќи тогаш имунолошкиот систем се зајакнува – вели д-р Крис Братнер, додавајќи дека денес повеќе од една третина од возрасните не успеваат да ги добијат препорачаните седум или осум часа сон во текот на ноќта.
Кога во телото имаме инфекција или се развива воспалителен процес, имунолошкиот систем ослободува одреден вид протеини, цитокини, а кога сме несоници, нивното производство се намалува, а имунитетот ослабува.
Колку часа спиење се препорачува?
Децата на возраст меѓу 6 и 13 години треба да спијат од 9 до 11 часа, тинејџерите од 8 до 10 часа, а лицата над 18 години од седум до девет часа навечер.
Кога страдате од несоница
Ако страдате од несоница, понекогаш е доволно да го промените вашиот начин на живот – водете редовен ритам на станување и одење на спиење, воведете физичка активност во текот на денот, избегнувајте земање кофеин и алкохол непосредно пред спиење или совладајте техники за релаксација. Билки кои можат да ве опуштат и да ви помогнат да се потопите во царството на соништата се валеријана, лаванда, камилица и мајчина душица.